Интерпол ќе трага по Маја од Охрид која се заљуби и побегна од дома!

За малолетната Маја Блажевска која исчезна од охридското село Лешани, ќе биде распишана меѓународна потерница. како што пренесува Плусинфо, Интерпол ќе трага по 14-годишното девојче кое го напушти својот дом пред еден месец и од тогаш за неа нема ниту трага ниту глас.Првичните сомнежи на семејството се дека таа запознала момче преку социјалната мрежа Фејсбук, и со него избегала од дома.
– Уште се работи на расчистување на случајот. Нема елементи за поведување кривична пријава ниту за прикривање малолетник, ниту за заведување. Нашата истрага е во тек и уште нема други информации кои се за споделување со јавноста, во интерес на истрагата. Тоа што има меѓународна потерница е дополнителен доказ за посветеноста и сериозноста во пристапот во конкретниот случај – вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Таткото на девојчето моли за помош и додава дека а сега за неговата ќерка се дадени информации колку е тешка, висока, каква боја на коса и очи има….
– Си ја бараме назад нашата Маја, не е важно ако го погрешила патот, таа е наше дете и сакаме да биде со нас – вели таткото на Блажеска.Првичните сомнежи на семејството се дека таа запознала момче преку социјалната мрежа Фејсбук, и со него избегала од до

Пронајдете не на следниве мрежи: