Цветко Гроздановски, директор на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор соопшти дека цените на становите наскооро ќе поефтинат за 15 отсто. „Просечната цена по метар квадратен станбена површина (зборувам за градежна не за продажна) изнесува од 370€ по м2 па се до 450€ по м2, но сепак тоа е условено и од типот на градбата. На пример не е исто градба на колективна станбена зграда која е на 5 ката и зграда на 15 ката, а има разлика и во квалитетот на вградениот материјал. Доколку станува збор за луксузни станови сигурно дека и цената ќе биде повисока. Кога на оваа цена ќе се додаде пазарната цена на земјиштето, комуналиите како и останатите трошоци, цената просечно би требала да се движи во рамките на цените кои ние како Акционерско друштво ги нудиме“, вели Грозданов во интервјуто.
На прашањето каков тренд на промена на цените ќе има во иднина Грозданов вели дека становите треба да поевтинат за најмалку 15 проценти.
„Во иднина се очекува продажните цени да забележат пад од 10 до 15 проценти од оние кои ги има денеска на пазарот. Доколку се гасифицираат фабриките кои произведуваат градежни материјали, или превозот биде на метан и ако на пример се користат други ефтини енергенси треба да се очекува пад и на цените на градежните материјали“, вели тој.
Гроздановски посочи дека за разлика од нив маржите на приватните компании се над 30 проценти.
Според него оваа Влада е прва што се фокусирала да им помогне станбено на социјално ранливите групи.„Просечната цена по метар квадратен станбена површина (зборувам за градежна не за продажна) изнесува од 370€ по м2 па се до 450€ по