Љубовна авантура- да или не?

Кои се предностите и мааните на љубовната авантура? Предности:
1.Без обврски
Доколку сакате малку внимание и нежности бидејќи на минатата врска едвај се сеќавате,или едноставно сакате да се забавувате,љубовната авантура е вистинската работа за вас.Важно е само уште од почеток да ги дефинирате работите и да се придржувате до тоа.Уживајте во љубовната врска без обврска додека трае!
2.Забава и опуштеност
Предност на авантурата е што нема притисок од ниедна страна.Можете да се допишувате,бакнувате,смеете,имате секс,забавувате на милион и еден начин без забелешки,обврски и љубовни драми.
3.Развивате склоност кон авантурите
И притоа не мислиме само на онаа љубовна.Бидејќи додека таа трае,нема таква авантура на која што нема да бидете спремни.Возење со балон,истражување скриени места,и кој знае што уште не.Кога знаеме дека времето ни е одбројано,спремни се да го искористиме максимално добро!
Маани:
1.Површен однос
Со оглед на тоа дека и двајцата сте свесни дека нема да траете,сите оние убави емоции кои се развиваат со време и чувството на блискост и поврзаност слободно можете да ги заборавите.Од таа причина авантурата може да ви биде возбудлива,но малку и површна  и празна.
2.Заборавате на обврските
Доколку се впуштите во пролазна авантура,секоја секунда ќе сакате да ја искористите најдобро што можете.И тоа е во ред.Се додека поради авантурата не страдаат вашата работа,пријателствата,семејниот однос и сето останато во вашиот живот.
3.Опасност од скршено срце
Многу лесно може да се случи страста и силната физичка привлечност да ја развиете во нешто повеќе.Во некои ситуации е многу тешко да го одвоите паметот од срцето.И можеби токму кога треба да се разделите,ќе сфатите дека сте лудо заљубени во него.И дека ќе ви го скрши срцето на милион парчиња во истата секунда кога ќе замине.Предности:
1.Без обврски
Доколку сакате малку внимание и нежности бидејќи на минатата врска едвај се сеќавате,или

Пронајдете не на следниве мрежи: