На мажите им се дига косата на главата кога ќе ги слушнат овие 5 прашања.Постојат некои женски прашања од кои мажите целосно се избезумуваат. Можеби затоа што знаат дека што и да кажат, ќе згрешат.
Еве кои се тие:
-Со колку девојки си бил пред мене? –Што да се каже, момци…Ако бројот е голем, сигурно ќе ве гледаат со други очи, а пак, ако е мал, ќе ви мине низ глава дека не сте некој фраер.
-Дали некогаш си ја изневерил девојката? –Дали вие како девојка би признале ако сте биле неверна? Веројатно не! Затоа не го губете времето со поставување на вакви бесцелни прашања.
-Дали другарка ми е убава? –И да е, колкава е веројатноста дека ќе признае дека е поубава од вас? Не поставувајте прашања за кои не сте сигурни дека ќе добиете искрен одговор.
-Дали ти се допаѓаат моите нови балетанки? –Нема маж кој би признал дека тоа е убедливо најгрдата обувка што ја видел, па затоа доколку не носите секси чевли на потпетици, не си ги трошете зборовите.
-Дали веруваш во љубов на прв поглед? –Не. Но, верувам во добар секс на прв поглед. Тој одговор не би ви се допаднал, нели?Постојат некои женски прашања од кои мажите целосно се избезумуваат. Можеби затоа што знаат дека што и да кажат, ќе згрешат.
Еве кои се тие