Одамна е познато дека мажите уживаат во глетката на женското тело. Но, еден експеримент покажа дека и дамите сакаат да „фрлат поглед“ на припадничките на истиот пол.Во истражувањето учествувале 57 мажи и жени на кои им се покажани секси фотографии и требале да оценат колку им се атрактивни прикажаните луѓе. Потоа, волонтерите гледале фотографии од мажи и жени во пар. Сликите останувале на екранот околу 1/5 од секунда, помалку од времето што е потребно за да се трепне, а потоа се заменети со точка. Колку побрзо учесниците ја воочуваат точката, значи дека толку повеќе внимание и посветиле на претходната фотографија, тврдат научниците.
Мажите воопшто не изненадиле бидејќи точката ја забележале откако претходно гледале женско тело. Но, вниманието на жената подеднакво го привлекле и машкото и женското тело, иако испитаничките во интервјуата одговориле дека се хетеросексуални и дека повеќе им се допаѓале фотографиите на посилниот пол.
Научниците ова го толкуваат на повеќе начини. Според првата теорија, сексуалноста на жената не е толку непроменлива како кај мажите. Според втората теорија пак, дамите гледаат фотографии од други жени бидејќи чувствуваат потреба да се споредуваат со нив.Во истражувањето учествувале 57 мажи и жени на кои им се покажани секси фотографии и требале да оценат колку им се атрактивни прикажаните луѓе. Пот