Следното лето ќе се пушти во оптек нова банкнота од 10 евра

Европската централна банка (ЕЦБ) вчера соопшти дека од следното лето во промет ќе пушти нова банкнота од 10 евра, која ќе го носи ликот на феничката принцеза Европа од грчката митологија.Портретот на божицата Европа ќе се појави на водениот жиг и холограмот, а точниот датум на пуштање во промет на банкнотата ќе се објави по нејзиното претставување –  на 13 јануари 2014 година, се наведува во соопштението на ЕЦБ.
Ставањето во оптек на новата банкнота од 10 евра доаѓа по годинешната промоција на новата банкнота од пет евра, додека втората серија банкноти од 20, 50, 100, 200 и 500 евра ќе биде претставена во следните години.
 Портретот на божицата Европа ќе се појави на водениот жиг и холограмот, а точниот датум на пуштање во промет на банкнотата ќе се објави по нејзинот

Пронајдете не на следниве мрежи: