Ова се МАЖИТЕ кои сега СЕ ВО МОДА!

Станува збор за типот мажи кои се наречени спорносексуалец. Нивното име се добива од кованицата спорт и порно. Британскиот новинар Марк Симпсон  во текстот за The Daily Telegraph пишува „Метросексуалецот е мртов. Да живее спорносексуалецот!“.
Неговата теорија вели дека и порастот на „селфите“, општествените мрежи и порнографијата резултирала со нова генерација млади мажи опседнати со своите тела и копнежот да бидат телесно посакувани. Интелектот, па и преполниот шифоњер „фина облека“ далеку помалку има значење за спорносексуалецот.
Пред неколку години Симпсон ја разви теоријата дека примамливите рекламни кампањи со италијанскиот национален фудбалски тим или со англиската фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам придонеле хомоеротскиот имиџ да стане „мејнстрим“.

 
Кога станува збор новите трендови кај младите мажи, во јуни германските медиуми пишуваа дека се појави нова субкултура: млади, урабни и многу екстравагантни момци или „јами” (yummies), кои што ги заменија некогашните „јапи” (yuppies).
Типичниот „јами” е многу тренди, има беспрекорен вкус во облекувањето и е многу мажевен, а, исто така, е и извонреден готвач, велат познавачите на светските трендови.
Просечниот „јами”, исто така, е во средните 20-ти години, ја сака модата и е подготвен да потроши на лускуз, што секако претпоставува добри приходи. Многумина рекле дека по тоа овој совреме тип млад маж е сличен на поранешните „јапи”, но тие преферираа брак, додека „јамите” немаат постојани девојки, туку на некои посериозни врски се подготвени дури во повозрасните години.Британскиот новинар Марк Симпсон  во текстот за The Daily Telegraph пишува „Метросексуалецот е мртов. Да живее спорносексуалецот!“

Пронајдете не на следниве мрежи: