Дешифрирајте ги неговите СМС пораки: 5 најиритирачки пораки кои сите некогаш сме ги примиле

Ова се 5 иритирачки пораки кои сите сме ги добиле некогаш. „Што сака да каже авторот?“Тој вели: Еј маче
Тоа занчи: Тој „се пали“ на вас, или е пијан. Не го интересира всушност што правите моментално и постепено гради конверзација кон тоа да појдете кај него дома. Нормално, вие сте независна жена, така што слободни сте да направите што сакате – одете или немојте, само бидете свесни и реални, и разберете дека во него нема материјал за дечко!
Тој вели: Ручек?
Тоа заначи: Ова е најчеста порака од поранешните момчиња со кои и понатаму комуницирате. Тој е тука некаде, време е за ручек и ете идеална прилика малку да се расприкаже со вас. (читај: погледнете како изгледате деновиве).

 

Тој вели: Добро утро
Тоа значи: Му се допаѓате, мисли на вас додека вози накај работа и флертува на прикладен начин за 8 наутро. Сите знаци велат дека тука би можело да има нешто сериозно.
Тој вели: 🙂
Тоа значи: Најверојатно меѓу вас се уште не се случиле некои конкретни работи (да, мислиме на секс), но флертувањето веќе станало сериозно. Смајли во порака значи дека нема бог знае што да ви каже, но не сака конверзацијата да се заврши брзо. Сепак му значи што поскоро да отидете до крај.
Тој вели: Здраво, што правиш вечерва?
Вие речете: Ништо посебно ти?
Тој вели: ……всушност од него ни трага ни глас.
Тоа значи: Заспал или другарите го викнале заедно да гледаат фудбал.Тој вели: Еј маче
Тоа занчи: Тој „се пали“ на вас, или е пијан. Не го интересира всушност што

Пронајдете не на следниве мрежи: