Редовниот секс ја спречува импотенцијата

Сите мажи во одредени години почнуваат да стравуваат од тоа дека нивната машкост во еден момент ќе започне да откажува послушност. Меѓутоа, се покажало дека мажите кои често водат љубов, не би требало да имаат причина за било каква грижа.Мажите кои сакаат што е можно подолго да останат во добра сексуална форма, би требало почесто да практикуваат секс, тврди фински тим на експерти од Универзитетот во Тампере. Научниците дојдоа до овој заклучок врз основа на истражувањето со кое беа опфатени 1.000 мажи на возраст помеѓу 55 и 75 години.
Петгодишното истражување покажало дека испитаниците кои од почетокот имале редовен секс, биле изложени на помал ризик од еректилна дисфункција.
За разлика од нив, приличен број од испитаниците кои признале дека нередовно водат љубов и дека апстинираат и по неколку недели, при крајот на истражувањето страдале од еректилна дисфункција.
„Иако се земени во предвид годините на испитаниците, дијабетесот, срцевите и другите хронични болести, се испостави дека зачестеноста на сексуалните односи е од пресудна важност за зачувување на потенцијата“, истакнува доктор Јуха Кошимаки, раководителот на тимот на експерти.Мажите кои сакаат што е можно подолго да останат во добра сексуална форма, би требало почесто да практикуваат секс, тврди фински тим на експерти од

Пронајдете не на следниве мрежи: