Се` што не сте знаеле за женските гради

Веројатно како и секој маж, маѓепсани сте од женските гради. Како и да не бидете, кога нивната убавина и примамливост е неверојатна. Сепак, сигурни сме дека некои работи во врска со овие адути не сте ги знаеле.Најголемите гради во светот се со големина 38. Секако, не станува збор за природни гради, туку за силиконски. Нивната „сопственичка“ е една Бразилка, која со помош на дури девет хируршки зафати влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Големината на градите се зголемува од генерација во генерација. Експертите ја објаснуваат оваа појава како последица на променетата еколошка средина, временската промена, употребата на хормонски лекови и многу други надворешни влијанија.
Левата дојка е поголема. Научниците заклучија дека левата дојка е малку поголема од десната. Разликата е готово занемарлива (освен во некои специјални случаи) и дека може да се воочи само со прецизно мерење. Таа појава е забележана само кај жените.

 
Гледањето во градите е првиот рефлекс кај мажите при средбата со атрактивна жена. Во прашање е природна реакција која се одвива скоро ненамерно. Оваа теорија е потврдена од страна на научниците, заедно со фактот дека восхитувањето на женските гради по неколку минути секој ден, може да им го продолжи животот на мажите.
Англија е татковина на најголемите гради. Судејќи според истражувањето во кое учествувале произведувачите на градници, жените во Англија имаат најголем обем на градите. Повеќе од 50% од жените носат градници со D големина. На второ место е Данска, а третото место го зазема Холандија.
Експертите тврдат дека една женска дојка тежи околу половина килограм, што претставува 1% од вкупната тежина на женското тело. Покрај тоа, женските гради сочинуваат 4-5% од целокупната телесна маст.
Операцијата за зголемување на градите е на прво место помеѓу операциите кои се вршат во Америка. На второ место се операциите за корекција на носот, а на трето е липосукцијата. Просечмата старост на жените кои одат на вакви операции е 34 години.
Најголемите гради во светот се со големина 38. Секако, не станува збор за природни гради, туку за силиконски. Нивната „сопст

Пронајдете не на следниве мрежи: