Што можеме да научиме од договорените бракови

Неодамна зборувавме за тоа зошто 50% од браковите пропаѓаат и како е неопходно во љубовните врски да се одржува пламенот со нови работи. Денес правиме споредба со договорените бракови и дознаваме на што можат да не научат тие.Кај 50% од браковите склучени од љубов самата љубов и желба еден за друг кај партнерите со време спласнува и резултира со развод. За разлика од нив, договорените бракови започнуваат несреќно, но по период од околу 10 години, се посреќни отколку браковите склучени од љубов.
На една скала која брачната среќа ја рангира од 1 до 90, браковите склучени од љубов започнуваат со коефициент на среќа од 86, но по 10 години тој опаѓа и до 40. Договорените бракови пак започнуваат со коефициент 48, но по 10 години тој нараснува на 68.

 
Тогаш во што е тајната на успехот на договорените бракови? Сопружниците се трудат да најдат начини како да функционираат еден со друг. Тие не се потпираат на „магии“ и интензивни емоции, и се обидуваат интензивно да се запознаат еден со друг. Нивната цел е да откријат како е да се биде венчан, а не како да се венчаат.
Желбата за љубов како од бајките уште од старт ви припишува разочарување. Мислењето дека се ќе биде „магично“ прави работите да отидат вон ваша контрола, па без таа иницијална магија сте буквално безнадежни. Затоа треба активно да го одржувате бракот среќен. Како? Не се обидувајте да го поправите лошото, туку создавајте нешто ново и добро.
Кај 50% од браковите склучени од љубов самата љубов и желба еден за друг кај партнерите со време спласнува и резултира со развод. З

Пронајдете не на следниве мрежи: