Како, според науката, да живеете среќно до крајот на животот?

Младоста ни минува прашувајќи се како да најдеме љубов, а во средните години се прашуваме како да ја вратиме назад. Секој што планира да се впушти во врска, или пак веќе има партнер мора да знае како да ја одржува среќата во бракот и врската.Сите двојки со голема возбуда раскажуваат како се запознале, но истиот интензитет го нема кога ќе ги запрашаат како останале заедно.
Психологот Тај Таширо вели дека кога паровите се запознаваат, среќата во врската, на скала од 1 до 100, е некаде околу 86, но до бракот и подоцнежните години опаѓа на 50.
Да, дури 50% од двојките се разведуваат. 10-15% се разделуваат, но не по судски пат, а дури 7% се хронично несреќни. Значи две третини од двојките не живеат „среќно до крајот на животот“.

 

Тогаш зошто браковите и врските не успеваат? Како главна причина се наведува хабитуацијата (постручен назив за тоа кога ви здосадува од партнерот). Меѓусебното завршување на речениците е романтично, но со тек на време може да стане здодевно и напорно.
Многу е важно да го задржите факторот на изненадување во врската. Морате да внесувате новини со цел вашите односи да не заладат со текот на времето.Сите двојки со голема возбуда раскажуваат како се запознале, но истиот интензитет го нема кога ќе ги запрашаат како останале заедно

Пронајдете не на следниве мрежи: