7 причини поради кои не треба да простите неверство!

Неверстовото е нешто по кое односот со партнерот никогаш повеќе нема да биде ист. Кај некои парови во тој критичен момент работите тргнуваат кон подобро, кај други остануваат непроменети, а постојат и такви кои иако простиле, никако не можат да заборават, што ги прави несигурни и недоверливи кон партнерот.Луѓето поради љубов знаат да поминат преку нешто што не заслужува прошка. Еве кои ситуации говорат дека е време да продолжите сами.
1. Многу е важно да сфатите дека вашата врска никогаш повеќе нема да биде како порано. Иако некои мислат дека аферата може да допринесе за нова стабилност во врската, вистината е дека тоа речиси никогаш не се случува. Ако ја снема довербата, тоа неповратно ја уништува врската.
2. Ако имате деца, запрашајте се каков пример им давате ним. Дали треба да ги учите дека секој вид на предавство и неверство е лошо, а со проостување на истото, ги нарушувате своите ставови и методи на воспитување.
3. Се прашувате дали неверството ќе се повтори. Најверојатно – да, особено ако не е отстранета причината која довела до него. Партнерот кој изневерува самиот го одбрал тоа, а истражувањата покажуваат дека неверството, за жал, често се повторува.

 

4. Многу изневерени партнери кои ќе се одлучат за смирување велат дека во врската потоа не се чувствуваат сигурно. Таквото чувство не треба да чуди бидејќи довербата е потполно нарушена. Изневерениот партнер се чувствува како да живее со странец кој секој момент може да направи нешто со што би го повредил. Ако вака се чувствувате, немојте да се мачите – раскинете.
5. По неверството самодовербата ви е уништена. Ако партнерот го примите назад, уште долго време ќе бидете во таква нарушена состојба. Ако пак продолжите сами, ќе го поттикнете инаетот и нагонот за самоодржување, па бргу ќе ја поправите вашата самодоверба.
6. Ако останете во врска со личноста што ве изневерила, работите многу долго нема да одат кон подобро, ако и воопшто се придвижат во таа насока. Но, кога ќе сфатите дека сакате да продолжите сами, работите многу бргу ќе се развиваат во позитивна насока.
7. Вам ви е потребен партнер, а не личност која само ќе ви носи проблеми. Светот е доволно тешко место за живеење и не ви треба некој кој ќе ве изневерува. Ако забележите дека ништо не се менува кон подобро – барем ќе знаете на кого можете да сметате.Луѓето поради љубов знаат да поминат преку нешто што не заслужува прошка. Еве кои ситуации говорат дека е време да продолжите сами.
1. Мног

Пронајдете не на следниве мрежи: