Шест работи кои не сте ги знаеле за прељубниците

Без разлика дали ја дефинирате прељубата како сексуален чин, или пак само ако некој се бакне, предавство си е предавство.Ова се неколку работи кои веруваме дека не сте ги знаеле за прељубниците, но би требало да ги дознаете затоа што е докажано дека се точни.
Голем број од прељубниците сакаат рокенрол музика
Научниците дојдоа до сознанија дека 41% од прељубниците ја преферираат рок музиката. Веднаш зад нив се најдоа луѓето што слушаат поп музика (16%), кантри музика (11%), класична (7%) и рап/хип хоп – само 2%.
Опасно е кога жената е таа што изневерува
Пред подолго време се сметало дека мажите се тие што најмонгу изневеруваат, но и жените полека ги стигнуваат во статистиките. Жените шараат кога сакаат да си ги задоволат емоционалните потреби на прво место, па дури потоа физичките. Доколку жената изневерува поради задоволување на емоционалните потреби, тогаш поголема е веројатноста и да ја прекине врската со потојаниот партнер.
Прељубниците всушност се среќни во нивните врски
Според истражувањето од Универзитетот Рутгерс, 56% од мажите кои што изневерувале биле среќни со своите партнерки, додека 34% од жените кои извшиле прељуба исто така биле среќни во своите врски. Тие го правеле тоа затоа што им се можело.

 
Постојат големи шанси жените да си го изневерат партнерот за време на овулација
О, не! Професорот Марти Хаселтон изјави дека жените најмногу ги привлекуваат други мажи кога се наоѓале во највисоката фаза од плодните денови.
Прељубниците сакаат да бидат фатени
Според студијата направена од Универзитетот Браун, луѓето потсвесно сакаат да бидат фатени на дело поради своите постапки. Без разлика дали станува збор за кармин на крагната, или имејлови кои се оставени да стојат отворени на заедничкиот компјутер, секој остава траги насекаде. Понекогаш и делува како повик за помош. Некои луѓе ги прават работите очигледни, бидејќи сакаат да запрат со игрите, но не знаат како.
Прељубниците најчесто изневеруваат со некого што го знаат
Најидеалното место за вршење прељуба е работното место. А дури 85% од изневерувањата започнуваат помеѓу колегите од работа, пријателите и соседите.
Ова се неколку работи кои веруваме дека не сте ги знаеле за прељубниците, но би требало да ги дознаете затоа што е докажано дека се точни.

Пронајдете не на следниве мрежи: