Стравови кои на жените им ја убиваат волјата за секс

Паровите мора меѓусебно да се разбираат и да разговараат околу нивните активности во спалната соба. Многу е важно мажот да знае да ја опушти жената пред сексот. Еве од што жените најчесто стравуваат кога е во прашање сексот.Страв од болка
Најчестата причина поради која една жена може да го избегнува сексуалниот чин, па дури и да си создаде фобија. Понекогаш жената од страв толку се стега, што вагината и се згрчува, па целото искуство е значително поболно.
Страв за изгледот
Многу жени стравуваат дека одреден дел од телото им е непривлечен. Некои одат и до таа крајност да ги преувеличуваат своите мали недостатоци до таа мера да го одбиваат партнерот мислејќи дека не му се привлечни.
Страв од притисок
Жените често с епод голем притисок дека мораат да бидат совршени во креветот. Така е, не патат само мажите од таа мисла. Мора да се ослободите од притисокот, во спротивно нема да се опуштите доволно.

 
Страв нешто да не тргне на лошо
Стравувањето од бременост или СПИ ни најмалку не е пожелно за време на сексот. Доколку правилно се заштитите, нема што да тргне наопаку. Темните мисли се еден од најчестите убијци на уживањето во сексот.
Страв од напуштање
Верувале или не, многу жени стравуваат дека ако не се покажат добро во сексот, мажот ќе ги напушти.
Стравот од пребрз оргазам
На жените им треба повеќе време да постигнат оргазам отколку на мажите. Пред и за време на сексот, жената може да почувствува притисок од машка страна побрзо да доживее оргазам. Опуштете се и не дозволувајте никој да ве брза.Страв од болка
Најчестата причина поради која една жена може да го избегнува сексуалниот ч

Пронајдете не на следниве мрежи: