Невербалната комуникација во љубовната врска е исто толку важна колку и вербалната комуникација. Затоа научете како да ги „прочитате“ неговите гестови и да одговорите соодветно на нив.На почетокот од врската многу е важно да се обрне внимание на неговите движења, бидејќи токму тоа, може да ни каже многу повеќе отколку она што тој самиот го зборува.
Најчестите нивни трикови се токму следниве, а наспроти се нивните значења кои понекогаш е полесно да ги направите отколку да ги искажете.
Ви ги покажува рацете
Кога вашиот партнер во текот на разговорот ја подава раката така што дланката е свртена нагоре, знајте дека потполно го имате во рака. Со таквиот гест мажите често ви докажуваат дека со вас сакаат да остварат длабока, емоционална врска.
Повеќе мафта со рацете отколку што зборува
Мажот кој постојано ги движи рацете додека зборува е одличен љубовник. Овој тип на мажи се многу дарежливи и внимателни.
Гордо ве држи за рака во јавност
Многу кратко и јасно, на светот му покажува што има до него и колку тоа го цени.
Рака на колкот или на рамениците – Ова се едни од основните делови на телото по кои мажите посегнуваат кога сакаат да иницираат секс.
Раката на стомак
Овој гест покажува дека тој е гладен за комплимент. Овој тип на мажи обожаваат кога своите чувства ги покажуваат со дела, а не зборови, но само ако и вие го правите истото.
Сочен, долг бакнеж
Интензивниот бакнеж, кој трае повеќе од 10 секунди значи дека вашиот партнер не може да ви одолее. Ова е само прв знак дека сексуалната возбуда започнала да расте и нетрпелив е да ве има само за себе.
Лижење на усните
Мажите кои умираат од желба да ве имаат во истиот момент, имаат исти гестови како кога се гладни, но овој пат не по храна.
Кратка насмевка
Знакот по кој ќе препознаете дека се чувствува удобно и опуштено во ваша близина.
Ве гали по косата и по вратот
За овој тип на маж сексот и љубовта одат заедно. Вашето задоволство им е приоритет, бидејќи се внимателни и често покажуваат колку им значите.
Нежен бакнеж во образ
Ако неговото испраќање завршува со бакнеж во образот или челото, станува збор за грижлив маж. Но, внимавајте, овој знак може да значи и губење на страста во врската.На почетокот од врската многу е важно да се обрне внимание на неговите движења, бидејќи токму тоа, може да ни каже многу повеќе отколку она што тој



