Што кажуваат жените кои пробале анален секс?

За да не шириме информации „рекла-кажала“, еве информации од прва рака…Две девојки кои пробале ваков вид на  секс одговориле на прашањата на хрватскиот „Космополитен“на темата која сите ги интересира, но се срамат или немаат кого да го прашаат.
1. Она што сите сакаме да го знаеме – Дали боли?
Девојка А: Мене ме болеше. Првиот пат имав чувство дека во тој дел од телото не треба да се прави ништо слично. Меѓутоа, научив дека најважно е да се опуштите и да се држите до умереното темпо. Читав дека аналното дилдо во текот на предиграта може да помогне, но сè уште не сум го пробала.
Девојка Б: Хахаха, секако дека боли. Ако не болеше, никој немаше да го поставува тоа прашање.
2. Зошто тогаш го практикувате?
Девојка А: Јас се одлучив на тоа бидејќи слушнав дека аналниот секс може да биде навистина пријатно искуство, и дека дури може да се доживее оргазам. Освен тоа, тој по малку е и табу, а мене ме привлекуваат такви работи.
Девојка Б: Обично го правам тоа кога сум пијана или кога се обидувам да го воодушевам среќникот кој е во игра.
3. Кој го сакаше повеќе – вие или партнерот?
Девојка А: Јас. Со оглед на тоа дека многу девојки го сакаат. Момчето со кое бев во врска не е некој вљубеник во аналниот секс. Најверојатно поради тоа анален секс имавме само три пати.
Девојка Б: Тој! Кога се случува тоа, обично е затоа што јас попуштам. Сè зависи од тоа колку ми се допаѓа момчето. Освен тоа, после анален секс, се чувствувам како нешто да ми должи.
4. Како ви беше првиот пат?
Девојка А: Чудно е. Многу е неудобно. По малку како грч. Меѓутоа, така беше само првиот пат. Следниот пат веќе беше подобро.
Девојка Б: На почетокот беше многу неудобно. Сепак пенисот влегува во анусот, мора да биде малку непријатно.
5. Какво е чувството после некое време?
Девојка А: Се чувствувате исполнето, буквално. И е многу интензивно чувство.
Девојка Б: Се навикнувате со тек на време. И станува пријатно. Најверојатно исто како со вагиналниот секс.

 

6. Станува ли некогаш пријатно?
Девојка А: Јас познавам девојки кои буквално го обожаваат. Сепак, анален секс е нешто што морате да го пробате повеќепати за да сфатите дали ви одговара.
Девојка Б: Никогаш не станува супер, барем на мене. Со време само станува подносливо. Но, тоа зависи и од големината на неговиот пенис.
7. Дали тој очекува да сте депилирани и на тоа подрачје?
Девојка А: Јас не мислам дека тоа е задолжително. Јас барем не сум била. Меѓутоа, ако така се чувствувате попријатно, зошто да не.
Девојка Б: Не, тоа секако не е задолжително. Мислам дека на ниту едно момче кое сака анален секс не му е тоа толку важно.
8. После колку време во врска мислите дека е во ред да имате анален секс?
Девојка А: Ние бевме во врска 7 месеци пред да се одлучиме да имаме анален секс. Но, познавам и девојки кои тоа го прават веднаш. Тоа се оние кои го обожаваат аналниот секс.
Девојка Б: Според мене ако навистина си се допаѓате,не гледам причина зошто да се чека.
9. Колку лубрикант е потребно?
Девојка А: Навистина многу! Незамисливо е без лубрикант.
Девојка Б: Многу! Но и плукната може да заврши работа ако немате баш ништо друго.
10. Дали сте крвареле?
Девојка А: Јас не сум крварела, иако мислам дека тоа е можно, посебно ако сексот е груб и ако не се користи лубрикант.
Девојка Б: Не колку што се сеќавам.

11. Дали ставате пешкир на креветот или нешто слично?
Девојка А: Не сфаќам зошто би било тоа потребно, бидејќи аналниот секс не е ништо понеуреден од вагиналниот секс.
Девојка Б: Понекогаш можно е да има мала дамка, но сметајте го тоа за колатерална штета.
12. Дали мора да се клистирате или да правите анална купка пред сексот?
Девојка А: Сум размислувала за тоа но никогаш не сум го направила. Ниту пак би го направила. Тоа ми изгледа како многу замарање. И не ни познавам човек кој се клистирал.
Девојка Б: Ма какво клистирање, кој нормален би отишол да се клистира пред секс?
13. Кои пози се пожелни/пријатни?
Девојка А: Првиот пат пробав доги, но подоцна сфатив дека попријатно ми е кога сум над него, на пример свртена со грб. Важно е девојката да е горе и да може сама да го одреди ритамот и длабочината на пенетрација.
Девојка Б: Доги позата најмногу ми одговара.
14. Кондомот е задолжителен, нели?
Девојка А: Секако!
Девојка Б: Ништо без кондом!
15. Дали некогаш сте доживеале оргазам само од анален секс?
Девојка А: Не, иако сум слушнала дека е можно.
Девојка Б: Не, но не сум доживеала ни исклучиво врз основа на вагинална пенетрација.Две девојки кои пробале ваков вид на  секс одговориле на прашањата на хрватскиот „Космополитен“на темата која сите ги интересира,

Пронајдете не на следниве мрежи: