Неговите потајни сексуални желби… направете ги реалност

Мажите имаат голем број секси фантазии. Некои од нив говорат за истите, а некои пак тајно молчат. ТОЈ ја сака својата партнерка и ужива во сексот со неа, но сепак низ глава му поминуваат еротски фантазии кои без размислување би ги вметнал во секојдневниот сексуален чин… За сè  да испадне така како што замислил тој – потребни се двајца. Потребни сте ВИЕ двајца! И секако, желбата за добар секс и исполнување на фантазиите.
Не постои машко кое не се „пали“ на стујардеси, медицински сестри, професорки, полицајки… Нам тоа ни изгледа глупаво, но нив тоа ги возбудува и им ја распламтува фантазијата. Предност е да знаете на каква девојка му застанува погледот додека гледате филм, но доколку не сте забележале – сега е време за тоа! Ако знаете дека секс со „медицинска сестра“ ќе го направи посреќен, сторете го тоа! Облечете го „костимот“ и забавувајте се! Од крајниот резултат ќе бидете задоволни и двајцата.

Сексот на јавно место повеќе и не е табу-тема, но сè  уште е дел од машката фантазија. Сакаат да се на локација каде многу лесно некој може да ги изненади, а со тоа им се зголемува адреналинот. Па доколку некаде патувате, скршнете од автопатот и „ризикувајте“ некој да ве открие. Сторете го „тоа“  во длабочината на паркот, на балконот, во тоалетот од некоја дискотека или ресторан. Ако не патите од клаустрофобија – лифтот би бил совршено место за вас!

 
Покрај тоа што ги обожава звуците кои ги испуштате додека се „тркалате“ заедно на креветот, тој сака и да му зборувате валкано. Тоа му буди чувство на доминација и чувство дека владее со ситуацијата, а вашата секси игра значително ќе се вжешти. Мажите не сакаат да молчите за време на сексот, тоа ги лади и ги одбива од вас.
Мажите сакаат да гледаат. Се разбира дека мажите обожаваат да гледаат. Токму поради тоа се обожаватели на порно филмовите. Наједноставен начин да му го доставите ова задоволство на вашиот партнер е да имате секс пред огледало. Бидете сигурни дека ќе биде повеќе од возбуден додека ве гледа како уживате. Ако сте похрабри и послободни пред него, изненадете го со тоа што ќе се допирате самите.
Мажите сакаат сексот да е авантура, сакаат да експериментираат. Според истражувањата, најголем дел од мажите сакаат да пробаат секс во тројка, на второ место е сексот на јавно место, а на трето – сакаат да снимат секс-видео со својата партнерка.

На вас останува да решите дали сте подготвени да ги исполните неговите желби?
 За сè  да испадне така како што замислил тој – потребни се двајца. Потребни сте ВИЕ двајца! И секако, желбата за добар секс и исп

Пронајдете не на следниве мрежи: