Што би сакале да ви било кажано за сексот пред да почнете да го практикувате?Често за сексот се зборува во шифри, но и кога отворено разговарате за него со вашата најдобра пријателка, во практиката сè изгледа поинаку. Затоа не дозволувајте да бидете изненадени.
Овие факти треба да ги знае секоја жена:
– Добар секс не значи исто што и голема љубов.
– Сексот е навистина неверојатен ако го имате со некој кого навистина го сакате.
– Научете што ве возбудува и не плашете се тоа да му го кажете на партнерот, бидејќи тој не знае да чита мисли.
– Многу е лесно да му се препуштите на моментот, па затоа на време мислете на тоа како да се заштитите од несакана бременост и од сексуално преносливи болести.
– Најдобриот секс е оној што се базира на взаемно давање задоволство.
– Мажот нема секогаш да има посилен сексуален нагон од вас.
– За да станете добри, потребно е да вежбате. Никој не се родил научен.
– Сексот во реалноста не изгледа како во филмовите или во порнографските филмови.
– Експериментирајте и забавувајте се.
Често за сексот се зборува во шифри, но и кога отворено разговарате за него со вашата најдобра пријателка, во практиката сè изгледа поинаку.