Може ли еден СМС да ја расипе вашата врска?

Сте напишале ли порака со која сакајќи да го имате последниот збор, сте ја довеле вашата врска во пропаст? Мислите ли дека само еден СМС може да смени се?Да, само една СМС порака е доволна за да ја доразгори жестоката расправија помеѓу вас!
Тешките зборови во моментот на бес и вознемиреност можат многу да влијаат врз чувствата на вашиот партнер. Во тој момент воопшто не размислувате, го пишувате текстот најбрзо што можете полни со гнев во себе и недокажаност, притискате Send и потоа нема назад…сето тоа завршува најлошо што може и подоцна, кога ке се смират страстите си викате на себе” Можеби избрзав, не требаше да ја пратам таа порака, уништив се… Се препознавте???
Ете тоа се случува кога сакајќи да се докажете, кога зборовите неможат да издржат повеќе во вас, за миг успевате да срушите нешто што сте го граделе долго време. Трпението е едно од најважните работи во врската, треба да знаете како да го совладате, а и една таква порака сигурно нема да реши ништо.

Пред да го земете телефонот во раце размислете убаво што би постигнале, избројте до 10, издишете длабоко и да, напишете порака но во контекст на тоа дека сакате работите повторно да ги решите лице в лице, така најдобро емоционално ке допрете еден до друг и се ќе решите на побрз начин отколку пишувајќи агресивни пораки, бидејки истите дефинитивно би немале крај…
Но доколку сте веќе во таква ситуација каде избрзувањето ви бил првиот чекор што сте го направиле, потрудете се најдобро што можете да го поправите тоа. И на најбрз начин, се разбира. Предложете му на вашиот партнер да се видите ,,дигнете го белото знаменце” и ставете крај на војната помеѓу вас!
Пораката сигурно нема да биде избришана од неговиот ум, но барем ќе можете да дадете директно објаснување за вашата избрзана постапка. ИЗВИНИ- сигурно не е најтешкиот збор на светот, а една романтична порака во иднина нема воопшто лошо да и дојде на вашата друга половина…Да, само една СМС порака е доволна за да ја доразгори жестоката расправија помеѓу вас!
Тешките зборови во моментот на бес и вознемиреност м

Пронајдете не на следниве мрежи: