Зошто токму тој?

Секој избор на партнер е резултат на вашата потреба да оживеете искуство кое му недостига на вашиот дух и на вашата свест.Зошто токму тој?Шармот, мажественоста, духовитоста и силата што ги чувствувате од мажот што ве привлекува, како и желбата за романтично доживување какво што би можеле да постигнете со таков партнер, се чест мотив за вашиот избор. Ако ви се чини дека е време за постигнување склад во вашата врска, побарајте одговор на прашањето:
Зошто токму тој? Одговорот се крие во вас и бара подлабоко спознавање на самите себе. Самата привлечност која ја чувствувате спрема партнерот, особено изборот на партнерот, се одредени од: Искуственото наследство на вашиот дух од минатиот живот (колективното наследство); Искуството наследено од родителите; Искуствата од мајчината утроба; Искуствата стекнати од родителите по раѓањето; Искуствата од општественото/социјалното опкружување. Звучи посложено отколку што можете и да замислите! Но, сепак, не би било ли насилство над самиот себе кога би морале да се откажете од фантазиите, чувствата и радоста со кои влегувате во врска?
Зарем е воопшто можно да му се даде некому готов рецепт лишувајќи го на тој начин од можноста на избор во кој ќе го вложи своето срце и надежи за љубов?

Секој избор на партнер е резултат на вашата потреба да одживеете искуство кое му недостига на вашиот дух и на вашата свест. Искуствата ве облагородуваат. Затоа, не заборавајте ги миговите кои ви пружиле задоволство како ни оние кои ви донеле разочарување. Секое од тие искуства и сеќавања на вашиот ум и тело се важни за вашите сфаќања. Без нив нема напредок. Спознавањето на самиот себе ќе им даде нов квалитет на вашите следни избори или разбирање на веќе постоечката врска. Самоспознавањето ќе ви отвори нови видици и задоволства. Ако сте, сепак, незадоволни од себеси или од врската, тоа е вистински прилика смирено да го  анализирате досега поминатиот пат. Не е лесно, понекогаш е дури и невозможно тоа да го направите сами.
Не барајте од друг одговор што да правите. Потрудете се, пред сѐ, да најдете таква помош што ќе ви даде увид во причините за вашите избори, нешто што ќе ви помогне да станете свесни за нив. На овој начин, на преживеаните искуства на вашиот ум и тело ќе им го одземете секое обележје на болна психичка траума, која управува со вашето однесување и доживување на партнерот. Таква помош ќе ве освежи и обнови, ќе ви ја врати силата потребна да ја сочувате својата исконска привлечност, убавина и комплетност, кои отсекогаш постојат во вас и очекуваат да бида потврдени. Така самите ќе откриете како да постапувате понатаму.
Стремежот за љубов и магијата на љубовните искуства се единствените вистински двигатели на животот.
Lady.mk
 Зошто токму тој?Шармот, мажественоста, духовитоста и силата што ги чувствувате од мажот што ве привлекува, како и желбата за романтично

Пронајдете не на следниве мрежи: