Ги знаете ли овие тајни на бакнувањето?

Секогаш кога ќе имате прв бакнеж со некој, треба тој да ве занесе, усните долго да ви бидат запечатени, а чуството да биде доста живо и по подолго време. Бакнежите често имаат пресудна улога во некои врски. Колку повеќе луѓето се бакнуваат, толку се поспособни да комуницираат на романтичен начин, вели Мајкл Кристијан, автор на книгата, Ументоста на бакнувањето.
Прв бакнеж
Ако вашиот прв бакнеж или било кој нареден во иднина, не е онаков каков што сте очекувале, разговарајте на таа тема. Немојте да се срамите да му кажете на партнерот што ви се допаѓа, а што не. Избегнувајте ја оваа тема само додека се бакнувате, за да не ве разбере погрешно партнерот, дека не ви се допаѓаат бакнежите кој тој ви ги дава.
Грешки при бакнувањето
Повеќето имаат јасни намери кога станува збор за бакнувањето, а тоа е другиот да го паднат на колена од долги и сензуални бакнувања. Најголемата грешка кај мажите е тоа дека се премногу агресивни со јазиците во бакнувањето, а за жените дека никогаш не ја отвараат устата доволно. За авторот на книгата најбитно нешто што треба да се знае за бакнувањето е дека, бакнувањето е возможно на повеќе начини. Препорачува особено внимание да се обрне на вратот и ушите.

Направете го бакнувањето незаборавно
Постојат два начина да се задоволите и себе и партнерот, вклучете го целото тело во бакнувањето. Усните се тие кои треба секој пат да ја освежуваат врската и да ја прават поинтересна. Добриот бакнеж треба да ви побуди емоции. Всушност преку бакнувањето понекогаш можете да осетите колку се сакате. Тоа е авантура сама по себе, а не помошно средство за да се стигне до нешто друго.
Кога престануваме со бакнежите?
Никогаш доста од бакнежи. Но, ова обично важи на почетокот на емотивните врски меѓу партнерите. Во долгите врски со текот на времето понекогаш се губи тој вид на конекција.Бакнежите често имаат пресудна улога во некои врски. Колку повеќе луѓето се бакнуваат, толку се поспособни да комуницираат на романтичен начин, вел

Пронајдете не на следниве мрежи: