Што кога партнерот има преголем пенис?

Кога сме кај големината на машкиот полов орган, обично владее мислењето дека ако тој е поголем, сексот ќе биде подобар. Но, вистината е дека задоволувањето со „надарените“ мажи може да донесе и болки и неугодност. Доколку вашиот партнер спаѓа во оваа категорија, еве неколку совети за вас:Обрнете внимание на должината на предиграта
Корисно е да практикувате продолжена предигра. Вагината ќе се прошири повеќе, ќе се зголеми природната влажност, а пенетрацијата ќе биде полесна и помека. Мускулите ќе се опуштат, а ќе се зголеми чувството околу вагината, па сексуалното искуство ќе биде попријатно. Освен што треба да се избегнува алкохолот, влажноста на вагината може да ја зголемите и со некои лубриканти за да ја олесните пенетрацијата. Имајте на ум дека лубрикантите треба да се додаваат и во текот на сексот бидејќи брзо се сушат.
Може да се избегнуваат и некои пози кои овозможуваат длабока пенетрација.
Најлоши пози за жените доколку партнерот има голем пенис:
Кучешка поза, бидејќи по правило секогаш ги поттикнува мажите да побрзаат и полудат, а и пенетрацијата е подлабока.
Пози со подигнати нозе, бидејќи сите пози во кои нозете на жената се дигнати овозможуваат директна длабока пенетрација.
Било која поза во која тој има контрола, освен доколку не му верувате целосно и сметате дека е во состојба да биде внимателен.
Избегнувајте анален секс бидејќи би можел да биде со уште поголеми болки.
Најдобри пози за жените доколку партнерот има голем пенис
Жената е горе. Оваа поза е добра бидејќи жената ја контролира пенетрацијата и колку длабоко ќе влезе.
Мисионерска поза. Добра е затоа што жената може да ги собере нозете и да ја контролира пенетрацијата.
Странично. Добро е затоа што никој од вас не може да направи потег кој ќе поттикне длабока пенетрација.
Извор: lady.mkОбрнете внимание на должината на предиграта
Корисно е да практикувате продолжена предигра. Вагината ќе се прошири повеќе,

Пронајдете не на следниве мрежи: