7 начини покрај сексот, за подлабока поврзаност

Без емоционална интимност, без разлика колку е добар сексот, ниедна врска не може долго да опстане. А начинот на кој може да ја продлабочите интимноста и поврзаноста е нешто што се учи и на кое што треба да се работи цело време.Еве како повеќе да се зближите, поврзете и отворите со партнерот:
Кога ќе сфатите дека сте реактивни, кажете „реактивна сум“
Ова е голем предизвик во пракса иако звучи лесно. Затоа штом еднаш сфатите дека реагирате и повеќе од што треба, кажете си СТОП. Опуштете го стомакот, дишете подлабоко и бидете сигурни дека она што ќе го кажете наредно се вашите вистински чувства.
Научете да ги искажувате своите најдлабоки чувства
Не се задоволувајте со површни и „млаки“ емоционални искажувања. Ако не ви е жал, не велете дека ви е, но ако повредите некого и се чувствувате лошо, не дозволувајте зборот „извини“ да ви се заглави во грлото. Подобро кажете дека ви е тешко да го изговорите. Таквото признание ќе ве омекне за да може да продолжитеда си ги искажете подлабоките чувства.
Ако сте во одбранбена позиција, признајте
Бидете си судија со свирче самите на себе! Не чекајте другите да ви укажат дека заземате одбранбен став. И секако, немој да се браните дека се браните!
Не дозволувајте емоционалниот прекин да трае подолго од потребното 
Кога ќе го изгубите емоционалниот контакт, најчесто кога сте лути за нешто, обидете се да се смирите што побрзо. Ако останете емоционално одвоени за да го казните партнерот, што побрзо признајте дека сте имале таков обид, без разлика колку може тоа да ви биде неудобно. 
Никогаш не се заканувајте дека ќе ја прекинете врската за да добиете нешто или за партнерот да ве моли да останете
Ако чувствувате дека ќе станете манипулативни, кажете го тоа, наместо навистина така да реагирате. Заканите се ветувања, но со негативен набој, и најчесто се афектни и зависат од расположението.Ако навистина сакате да ја напуштите врската, таквата желба ќе остане присутна без врска колку добро, лошо или индиферентно се чувствувате 
Наместо да го користите сексот да изградите поврзаност, дозволете сексот да биде израз на веќе постоечката конекција
Обратете внимание на вашата емоционална состојба секогаш пред да имате секс и секогаш преку сексот изразете ги и своите чувства.
Не се плашете од длабока поврзаност
Сфатете ја својата врска како авантура што постојано се развива и продлабочува, колку и да биде непријатна на моменти. А својот партнер секогаш гледајте го како личност што расте и се развива заедно со вас, и никогаш не го „земајте здраво за готово“.Еве како повеќе да се зближите, поврзете и отворите со партнерот:
Кога ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: