Кои се 8-те најголеми љубовни суеверија?

Колку сте суеверни кога е љубовта во прашање? Откријте ги 8-те најголеми суеверија за љубовта.Доколку суеверијата не ги сфаќате премногу сериозно, тие може да ви помогнат малку да се опуштите и да се чувствувате посигурни во овој луд свет.
Докторката Џенет Пејџ, авторка на книгата „Омажете се оваа година- имате 365 денови за тоа“, вели за суеверието:
– Тоа е илузија дека имате контрола над судбината. Дури и ако се свесни дека не го контролираат случувањето, луѓето не се одрекуваат од љубовните ритуали.
Еве кои суеверија најчесто се сретнуваат кога станува збор за љубовта:
Фрлање парички во бунар за да ви се исполнат желбите
И во минатото жените фрлале парички застанати над бинар, и најчесто посакувале маж и деца.
Кинење ливчиња од цвет
Овој обичај потекнува од средновековна Франција, а стиховите поврзани со овој ритуал – ме сака, не ме сака, прв пат во малку подолга верзија е изговорени во Англија во 15-тиот век.
Партнерот се бара 3 дена после првиот состанок
За да ја скриете желбата и посакувањето, обично чекаме и до 3 дена за да повикаме симпатијата.
Бакнување на полноќ под имела за новогодишната ноќ
Се верува дека ова ќе ви донесе среќа и љубов целата наредна нова година. Ваквиот ритуал прв пат е забележан на фестивалите посветени на богот Сатурн во стара Грција.
Парче свадбена торта под перницата
Ако младите дами стават парче свадбена торта под перницата пред да легнат, ќе го сонуваат својот иден маж. Суеверитжето потекнува од Англија од 17-тиот век и се уште се применува, бидејќи колачот се смета за симбол на плодноста.
Фрлање ориз врз младенците
Сте се запрашале ли што значи ова? Изгледа непријателски, но настанало поради добри намери. Ова е дел од еврејската култура, а го применувале и Асирците и Египќаните. Оризот е симбол на плодноста и среќата, а Кинезите верувале дека тој ги штити љубовните парови од лошите духови.
Губење на вереничкиот прстен е лош знак
Бетси Белега, медиум, поучена од искуствата на своите клиенти, тврди дека губењето на вереничкиот прстен е лош знак.
-Прво мислев дека во прашање е случајност, но дури седум девојки откако си го изгубија прстенот, ја раскинаа веридбата.
Таа советува да не го ставате прстенот додека не ја најдете големината што ви одговара и после тоа никогаш да не го вадите.
Носење нешто старо, сино и позајмено на венчавката
Синото ја симболизира чистината, верноста и преданоста, а невестите во Израел од библиските денови, носеле сина лента на косата. Стариот предмет потсетува дека врските што постојат во семејството ќе бидат сочувани и продолжени, а позајмениот предмет и обезбедува на невестата поддршка и љубов од пријателите.
lady.mkДоколку суеверијата не ги сфаќате премногу сериозно, тие може да ви помогнат малку да се опуштите и да се чувству

Пронајдете не на следниве мрежи: