Една од најголемите француски рок ѕвезди Џони Холидеј, почина минатата ноќ на 74-годишна возраст, по долга борба со рак на белите дробови.Веста за смртта на пејачот утрово ја соопшти негова сопруга, но и Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.
– Џони Холидеј си замина. Го пишувам ова, а не можам да поверувам. Но, вистина е. Мојот сопруг повеќе не е меѓу нас. Ноќва не напушти како што живееше – смело и достојно, изјави неговата сопруга Летисија.
– Холидеј… Донесе дел од Америка во нашиот национален пантеон, се наведува во соопштението на Макрон по разговорот со членови на неговото семејство.
Џони Холидеј беше познат како „францускиот Елвис Присли“, а инспирација за музиката црпеше од Чак Бери и Бади Холи.Веста за смртта на пејачот утрово ја соопшти негова сопруга, но и Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.
– Џони Холидеј