Тој праша, таа одговори ДА. Каролина Гочева се мажи, а Михаил Корубин е единствениот кој успеа да ја освои и да ја задржи наубавата македонска печајка.Каролина и Михаил се на патување во Париз, а уметникот го избрал токму градот на љубовта и уметноста за да го зароби срцето на пејачката. Очигледно бил во право.
37-годишната Каролина и 31-годишнот Михаил се во врска околу две години, а врската долго ја криеја од јавноста.
Иако ваквите вести не остануваат долго тајност и во чаршијата се шушкаше дека младиот уметник е во врска со Каролина, тие ја држеа љубовта подалеку од очите на јавноста, но ги потхрануваа љубопитните со фотографии од исти дестинации, но на кои го нема „другиот“. Сепак, првата фотографија од себе и љубовта, фотографијата од среќниот момент Каролина ја сподели со следбениците на Инстаграм.
Каролина и Михаил добија честитки и од Авалон продукција.
-Честитки за нашите Каролина Гочева и Михаил Корубин! Да се живи, здрави, среќни и долговечни, им порачаа од Авалон.
Им честитаме и им посакуваме долга љубов.
Каролина и Михаил се на патување во Париз, а уметникот го избрал токму градот на љубовта и уметноста за да го зароби срцето на пејачката. Очигледно