Српската пејачка Гоца Тржан има здравствени проблеми, заради кои мора да оди на операција.Пејачката би можела да заврши на операциониот стол, доколку терапијата не и помогне во отстранување на јазлите кои се појавиле на нејзиниот грб.
„Пред десетина дена Гоца отишла на лекар за да и направат магнетна резонанаца на кичмата и установиле од каде потекнуваат болките заради кои не може со денови да спие. Тие установиле дека има неколку јазли на пршленот кои се наоѓаат во горниот дел на грвот. Гоца многу се исплашила бидејќи и го рекле тоа, но ако не можат да ја отстранат јазлата со масажа, ќе мора да го направат тоа по хируршки пат. Од таа причина Гоца со денови оди на масажа, како би ги отстранила јазлите“, кажа близок роднина на српската пејачка.
Гоца не сакаше многу да зборува за своите здравствени проблеми, па накратко изјави:
„Одам на масажа, едвај чекам да се заврши ова со јазлите. Се тоа е последица од стресот и од обврските кои ги имам, па затоа ќе морам да се погрижам малку повеќе за сопственото здравје“, кажа пејачката.Пејачката би можела да заврши на операциониот стол, доколку терапијата не и помогне во отстранување на јазлите кои се појавиле на нејзиниот грб.