Стотина патници кои викендов патуваа со ЕР Србија на различни дестинации, кога пристигнале на белградскиот аеродром Никола Тесла не си го добија својот багаж.На аеродромот настанал вистински хаос, а меѓу патниците кои биле “соголени”, се најдоа и неколку македонски туристи и познатата српска ѕвезда Лепа Брена.
Патниците од аеродромот во Романија полетале без никаков проблем ниту пак некој им навестил дека можеби нивниот багаж нема да лета со истиот авион. Но, кога слетале во Белград на аеродромот Никола Тесла, следел ладен туш!. Нивниот багаж останал во Романија.
По неколку часа потрага, од компанијата ЕР Србија им било објаснето дека авионот со кој летале немал капацитет да прими толку багаж и дека куферите ќе им бидат дополнително испорачани на домашна адреса.
Најголема драма на аеродромот во Белград сепак направи Лепа Брена која, според очевидци, буквално полудела кога видела дека од големиот багаж и останала само чантата.
Според претставништвото на Ер Србија во Скопје, ова се случува во последниве денови, бидејќи е зголемен бројот на патници кои поради годишните одмори носат повеќе багаж од вообичаеното, пренесува Вечер.На аеродромот настанал вистински хаос, а меѓу патниците кои биле “соголени”, се најдоа и неколку македонски туристи и познатата српска