ПРВОТО интервју на Марко по победата: Горд сум и веќе знам што понатаму!

Победникот на втората сезона на Пинковите ѕвездички, со својот глас и емоции на сцената, го освои целиот регион.Победникот на втората сезона од најгледаното талент шоу, со својот огромен талент предизвика големи симпатии на Балканот. Со својот ангелски глас и емотивни настапи, предизвика солзи кај членовите на жирито и публиката.
„Божјо дете“, како што го нарече Хари, говори за своето искуство во најгледаното талент шоу и за впечатоците по победата. Како и во музиката, Марко е емотивен и во зборовите.
„Се ова за мене е многу чудно. Уште сум уморен и не знам што ми се случува. Многу сум горд на себеси, но уште не сум дошол при себе“, рекол Марко и додал:
„Јас ова не го очекував. Мене целта ми беше да ја поминам аудицијата и кога ја поминав цел ми беше да дојдам до третиот круг, но не целев кон победа. Навистина се изненадив.“
Победникот на Пинковите ѕвездички, открива дека сега ќе се посвети на нов проект.

„Одиме на уште една голема работа, наскоро ќе дознаете за што се работи. Јас сум презадоволен и сакам да инапредувам“, рекол Марко.
„Не се сеќавам ни кој прв ми ја честиташе победата, толку бев возбуден и ме обзема трема, што не бев свесен што ми се случува. Ме совладаа емоциите и заплакав. Морам да ја прегледам снимката и да видам што точно се случувало“, кажал возбудениот Марко.
„Сите се гореат со мене, сите ми честитаа. Мојата мајка е најгорда“, завршува тој.Победникот на втората сезона од најгледаното талент шоу, со својот огромен талент предизвика големи симпатии на Балканот. Со својот ангелски глас и

Пронајдете не на следниве мрежи: