Во едно интервју за српски магазин нашето македонско девојче Каролина Гочева, проговори за своите навики во исхраната. Македонската поп дива откри дека може да одолее на благо, но не и на чипс, дека се труди, но ретко е истрајна во режимите за исхрана и дека после подолго одложување конечно започнала да вежба.Сака преку ден да грицка чипс, а навечер да јаде пица, но добрите гени се секогаш на нејзина страна.
Каролина открива што најмногу сака за ручек, а што за вечера.
„Најчесто ручам околу три часот попладне. Сакам морска храна, но не можам да ја јадам секојдневно. Како и повеќето луѓе од овие простори уживам во плескавици и ќебапчиња. Ми се допаѓа солена и зачинета храна, па затоа ја обожавам мексиканската, арапската и кинеската кујна.
Откако започнав да вежбам за ручек јадам бифтек, пилешко и сето она што се препорачува за луѓето кои практикуваат физички активности.
Вечерам околу 9-10 часот навечер. Ако не сум многу гладна јадам тост, салата или шпагети, а ако сум гладна, иако знам дека е погрешно, нарачувам пица. Никогаш не одам гладна во кревет бидејќи така не можам да заспијам.
Се обидов да не јадам после шест попладне, но во два, три часот по полноќ ме буди гладот, па повторно станувам и јадам, изјави Каролина.Сака преку ден да грицка чипс, а навечер да јаде пица, но добрите гени се секогаш на нејзина страна.
Каролина открива што најмногу сака за



