Драган Николиќ повторно заврши во болница!

Актерот Драган Николиќ (72), вчера итно беше пренесен од Ургентниот центар во Воено-медицинската академија поради нарушената здравствена состојба.- Драган е повторно сместен во болница кон крајот на минатата недела откако здравјето пак му се влоши. Тим на стручњаци нон-стоп се грижат за него и се надеваат дека набрзо ќе закрепне, како што беше и досега случајот. Милена секој ден доаѓа во посета и се грижи за сопругот – рекол за српски „Ало!“ извор близок на актерот.
Драган Николиќ порано беше хоспитализиран поради карцином на дебелото црево, а по шестмесечно лекување во Ургентниот центар е пуштен на домашно лекување. 
Популарниот Гаго потоа немал здравствени компликации сѐ досега. Во мај минатата година српските медиуми објавијадека Николиќ бил хоспитализиран на Клиничкиот центар во Белград, каде лежел на пулмологија поради воспаление на белите дробови, кога нагло му скокнала температурата по што имал потешкотии со дишењето.
Беше во животна опасност, но лекарите за брзо време успеале да го вратат во живот.

Пронајдете не на следниве мрежи: