Весна Бејби Петрушевска на Фејсбук сподели емотивен статус за нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.Весна на Тоше му беше една од најдрагите личности од јавниот живот.
Во продолжение ви го пренесуваме нејзиниот статус:
„Да ти кажам дека ми недостасуваш кога се будам, кога слушам твои песни…. Мина долго време не зборуваше и сигурно една година слушавме на една бела мп3ка само твои песни, така научи да зборува… Ми недостасуваш да го обоиш сивилото на оваа здодевна музичка сцена, со чест на исклучоци (сами ќе се препознаат оти се мои другари ).. ми недостасува твојата широка насмевка со која оддалеку ме гушкаше… ми недостасува твојот прекор, твојата радост, твоето сочно пцуење на неправдите околу тебе, ми недостасува твоето перчење пред секоја промоција на нов албум. Ми недостасува преслушувањето на песни… Се сеќавам колку ти беше важно да не ти се налутат Македонците што ќе пееш на српски и што ќе издадеш албум на друг јазик, се сеќавам колку ти беше важно да бидеш прв… и работеше, многу работеше… веројатно само кога спиеше не пееше… ми недостасува твоето јавување на телефон во ниедно време и звукот на клавирот како ми свириш и ми пееш…“
Весна на Тоше му беше една од најдрагите личности од јавниот живот.
Во продолжение ви го пренесуваме нејзиниот статус:
&bdquo



