Денеска беше одржана ждрепка во главниот град на Шведска, Стокхолм, кој воедно е домаќин на овогодишниот Евросонг 2016.Директен пласман на Евросонг 2016 имаат шест држави: домаќинот Шведска, Италија, Германија, Франција, Велика Британија и Шпанија.
Останатите 37 претставници се поделени во две полуфиналиња – во првото полуфинале ќе настапат 18, а во второто 19 претставници од земјите учеснички.
Натпреварувањето ќе се одржи во салата „Ериксон Глоуб“ во Стокхолм, која има капацитет од 16.000 места. Домаќин на натпреварот е јавниот сервис на Шведска – СВТ.
Водителите на денешната ждрепка беа Александра Паскалиду и Јован Радомир.
Со ждрепката беше одлучен редоследот на настапите.
Прва полуфинална вечер, 10 мај
Прва група
• Хрватска
• Финска
• Молдавија
• Ерменија
• Грција
• Унгарија
• Русија
• Холандија
• Сан Марино
Втора група
• Азербејџан
• Кипар
• Малта
• Босна и Херцеговина
• Естонија
• Чешка Република
• Црна Гора
• Исланд
• Австрија
Втора полуфинална вечер, 12 мај
Прва група
• Латвија
• Белорусија
• Ирска
• Швајцарија
• Македонија
• Австралија
• Литванија
• Полска
• Израел
• Србија
Втора група
• Албанија
• Бугарија
• Данска
• Грузија
• Романија
• Словенија
• Норвешка
• Украина
• Белгија
Вкупно 26 земји ќе настапат во финалето на 14 мај, во кое ќе влезат по 10 земји од двете полуфинални вечери.
Со ждрепка беше одлучено и кога земјите кои директно се пласираа во финалето ќе гласаат во текот на полуфиналето. Ждрепката одлучи дека:
Шведска, Шпанија и Франција ќе гласаат во првото полуфинале.
Италија, Велика Британија и Германија ќе гласаат во второто полуфинале.
Точниот редослед на настапите во двете полуфинални вечери ќе се одреди на состанокот на Шефовите на делегациите кој ќе се одржи на 14. и 15.03.2016 година.
Директен пласман на Евросонг 2016 имаат шест држави: домаќинот Шведска, Италија, Германија, Франција, Велика Британија и Шпанија.
Останатит



