Ким Кардашијан се породи на 5ти декември, а веќе успеа да симне 13 килограми. Сега конечно ни открива со која диета успеала да постигне толку добри резултати.Ким Кардашијан се породи на 5ти декември, а веќе успеа да симне 13 килограми. Сега конечно ни открива со која диета успеала да постигне толку добри резултати.
Се работи за популарната Аткинс диета, со која Ким и претходно доаѓала до идеална тежина. Имено, старлетата се пожалила на фановите на Твитер дека за време на втората бременост накачила 27 килограми, а и дека пред тоа накачила дури 4,5 килограми, така што сега планира сите килограми да ги симне. За почеток ослабна 13 килограми, но нас се`уште не не` почастила со фотографија со која и би го докажала тоа.
Како што приметија фановите, Ким во последно време често се сеќава како била слаба, пред да стане мајка, а сега дефинитивно одлучила да се врати во оваа форма.
Ким одамна е голем фан на оваа веројатно најпопуларна диета во светот, што подразбира тотално отстранување или минимизирање на јаглени хидрати, каде сите оброци се сведени на месо и сирење.
Дозволените намирници се сите видови на месо и риба, сирење, јајца, млечни производи и зеленчук што не содржат јагленихидрати (односно, на компири можете да заборавите). Подоцна се воведуваат и некои други видови намирници, како што се боранија, кељ, зелка, домати и пиперки.
– Верувам во диетите, во спротивно би јадела се и сешто. Токму кога треба да ослабнам, секогаш се вртам кон диетите со намалени јаглени хидрати, исхрана како Аткинс. Потоа се трудам и обидувам да се придржувам и да го променам начинот на кој се исхранувам. Особено е тешко да изгубиш килограми по породувањето, бидејќи вашето тело тотално се сменило. Вежбањето е дефинитивно важно – рече Ким.
Покрај диетите, Ким се обидува да оди во теретана пет пати неделно. Се разбира, има и личен тренер.Ким Кардашијан се породи на 5ти декември, а веќе успеа да симне 13 килограми. Сега конечно ни открива со која диета успеала да постигне толку добри



