Утрово по долго боледување почина Љупчо Петровски, познатиот диџеј Бабура на 42 годишна возраст.Тој настапуваше со бројни светски диџеи и беше препознатлив по хаус музиката. Бабура почнувајќи во Уно, Мега, Антена 5 и последно како косопственик во Сити Радио, израснува со сето она што е беше актуелно од 70-тите и 80-тите, музика која до крајот имаше големо влијание во неговиот музички избор. Музика која не само нему, туку служеше за инспирација на многу познати светски ДЈ-и и продуценти.
Co себе носеше големо искуство работејќи во многу познати клубови и дискотеки во Скопје и Македонија, како Хард Рок, Мусандра-Метропол, МНТ, тогашна Опера, Текила Хаус и Колосеум, при тоа до крајот препознатлив по изборот на музиката која опфаќа широк дијапазон од она моментално што е на актуелната европска и британска топ листа, музика која ги загрева подиумите на сите попознати светски клубови и дискотеки, музика која е во голема експанзија во последно време.
Диџеј Бабура беше еден од нашите најдобри радио деџеи, инспирација за многу радио водители, за многу млади диџеи.
Сити радио во негова чест денеска ги пушта неговите миксови.Тој настапуваше со бројни светски диџеи и беше препознатлив по хаус музиката. Бабура почнувајќи во Уно, Мега, Антена 5 и последно како косопс



