Кристијан Голубовиќ беше уапсен синоќа во стан во Краљево, пренесоа српските медиуми. Тој е спроведен на сослушување според налогот на Вишото обвинителство во Белград, поради собирање информации во врска со заканите упатени до Тамара Ѓуриќ.Кристијан преку Фејсбук ѝ порачал на Тамара:
„Таа е жива и здрава само затоа што им наредив на сите коишто ме обожуваат дека не смеат да ја допрат, а камоли да ѝ го направат сето она што таа го заслужува“.
И неговиот адвокат ја потврди информацијата.
Да потсетиме, на Голубовиќ му беше изречена правосилна казна од осум години затвор уште во ноември 2014 година поради трговија со хероин, откако беше уапсен при примопредавање во храмот на Свети Марко во Белград на 16 јануари 2010 година.
Меѓутоа, тој сѐ уште не е е во затвор – еднаш поради раѓањето на неговата ќеркичка, а втор пат поради неговото учество во реалното шоу „Фарма“.
По завршувањето на реалното шоу тој побара одложување на затворската казна поради неговата здравствена состојба и медицинскиот зафат на средното уво кој не го спречи да учествува во телевизиски емисии, пренесуваат српските медиуми.Кристијан преку Фејсбук ѝ порачал на Тамара:
„Таа е жива и здрава само затоа што им наредив на сите коишто ме обожуваат дека не смеат



