Животот не беше лесен за младата Индијка Лаксам Саа. Кога имала само 15 години, одбила маж кој ѝ понудил брак. Тогаш, 32-годишниот маж ѝ фрлил киселина во лице за да ја посрами и да ѝ го уништи животот.„Прво почувствував дека е ладно, а тогаш целото лице ми се запали. Потоа киселината почна да ми го топи лицето“ – се присетува Лаксами.
Со години закрепнувала, но денес оваа храбра девојка е еден од најгласните заговорници против насилството над жените, како и за строго казнување на престапниците кои напаѓаат жени со киселина.
Младата Индијка станала и манекенка за еден индиски бренд, па со својата самодоверба охрабрува многу други жени.
„Ова е единствена прилика да го пуштам својот глас и да им покажам на другите жени дека можат да бидат храбри без оглед на сѐ, без оглед на тоа како изгледаат. Ова е мојата прилика да покажам дека никаква киселина не може да ја уништи внатрешната убавина на секоја жена“ – изјавила Лаксами за ВВС.
„Прво почувствував дека е ладно, а тогаш целото лице ми се запали. Потоа киселината почна да ми го топи лицето“ – се присетува Лаксами.



