Чуениот британски актер Алан Рикман почина во 69. година од животот, поради тумор.Важеше за еден од најпознатите британски актери, а на публиката ѝ остана запаметен како негативецот Ханс Грубер од филмот „Умри машки“ и професор Снејп од филмовите за Хари Потер.
Роден во Лондон, кариерата ја започната на театарските сцени за потоа да продолжи на ТВ екраните и филмските платна. Во 80-тите ја освои американската публика играјќи го Ханд Грубер во „Умри машки“, а беше, пак, урнебесно смешен како Шерифот од Нотингам во „Робин Худ“ од 1991 – улога која му донесе признание на БАФТА.
Најчесто го играше негативецот, но ја покажа и својата нежна страна во филмовите како „Truly Madly Deeply”, „Sense and Sensibility“ и „Love Actually“.
Рикман почина опкружен со својата фамилија и најблиските.
Почивај во мир професор Снејп.
Важеше за еден од најпознатите британски актери, а на публиката ѝ остана запаметен како негативецот Ханс Грубер од филмот „Умри машки“
Пронајдете не на следниве мрежи:



