Обвинителството на Лос Анџелес ги отфрли сите обвиненија против комичарот Бил Козби за сексуално злоставување на две тинејџерки во 1965 и 2008 година, наведувајќи ја застареноста на случајот и недостатокот на докази како главна причина за тоа.Одлуката е донесена само недела дена откако Козби (78) беше обвинет дека во 2004 година дрогирал и сексуално злоставувал жена во својот дом во близина на Филаделфија, што е прва кривична постапка покрената против него во низата обвиненија кои го уништија добриот имиџ на Козби.
Адвокатите на комичарот ги отфрлија обвиненијата како неосновани и изјавија дека очекуваат ослободување на актерот од сите обвиненија.
„Задоволни сме што обвинителството на Лос Анџелес во потполност и праведно ги согледа сите факти и докази и што дојде до реалниот заклучок со отфрлувањето на сите обвиненија против господин Козби“ – изјави адвокатката Моника Присли.
Десетина жени го обвинја Козби за сексуално злоставување и обид за злоставување во претходните четири децении. Обвинителството на Лос Анџелес ги истражи тврдењата на жената која изјавила дека во 1965 година (кога имала 17 години) Козби ја однел во џез-клуб ѝ платил пијачка, а потоа ја однел во неговиот дом кадешто ја присилил на сексуален однос.
Обвиненијата исто така биле отфрлени и во случајот на жена којашто тврдела дека на 18 години (2008 година) присуствувала на забава во Плејбој вилата, кадешто Козби ѝ дал пијалок по кој ѝ се слошило. Како што навела, Козби потоа ја однел во соба да легне, кадешто се онесвестила и се разбудила гола.
Адвокатот на Козби ги отфрли обвиненијата со објаснување дека актерот не бил во Лос Анџелес кога се случил немилиот настан. Актерот претходно беше ослободен и од обвинението дека во седумдесеттите години ја злоставувал тогаш 15-годишната Џуди Хат, поради што беше сослушан во октомври минатата година.
Во врска со новите тужби, Козби ќе биде сослушан на закажаното рочиште за наредниот месец.Одлуката е донесена само недела дена откако Козби (78) беше обвинет дека во 2004 година дрогирал и сексуално злоставувал жена во својот дом во близ



