Седумкратниот светски шампион во Формула 1 Михаил Шумахер, пред две години доживеа тешка несреќа додека скијаше на француските Алпи, во одморалиштето Мерибел. Тој помина половина година во кома и претрпе неколку сложени операции на мозокот. Оттогаш се наоѓа во тешка состојба.Ден пред 47. роденден на Михаил Шумахер, милиони фанови на Германецот успеале да добијат ретка, но веродостојна информација за состојбата на возачот.
Весникот Giornale информира дека технички гледано Михаел е буден, што значи дека очите му се отворени, но сепак не распознава ништо околу себе.
„Неговото семејство го ставило пред телевизорот за време на трка од Формула 1, но и тоа не успеа да го натера да реагира“ – напиша весникот, кој важи за исклучително авторитетен и сигурен извор на вести од Формула 1.
Михаел Шумахер без сомнение беше еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1. Тој е седумкратен светски шампион, единствен со таков резултат, а сопственик е на уште неколку индивидуални рекорди.Ден пред 47. роденден на Михаил Шумахер, милиони фанови на Германецот успеале да добијат ретка, но веродостојна информација за состојбата на возачо



