Дека грешките и лапсусите можат да бидат „кобни“ и на некого сериозно да му ја „нарушат“ менталната состојба, покажа американскиот водителот Стив Харви за време на изборот на Мис Универзум 2015.Имено, водителот сосема ноншалатно и убедливо ја прогласи Колумбијката Аријадна Гутиерез за победничка во натпреварувањето, којашто всушност е прва придружничка!
Девојката веќе заплакала од среќа, го прославила триумфот со публиката и ѝ била ставена лентата, кога само по две минути радост дознала дека круната мора да ја предаде во рацете на вистинската Мис Универзум – Филипинката Пиа Алонзо Вурцбах.
„Дојде до грешка, морам да се извинам“ – истакнал водителот, но било доцна да се избегне понижувањето на Мис Колумбија.
Убавата Аријадна сепак достоинствено го поднесе поразот и стоички ја претрпе грешката, а круната без приговор ѝ ја даде на Филипинката.Имено, водителот сосема ноншалатно и убедливо ја прогласи Колумбијката Аријадна Гутиерез за победничка во натпреварувањето, којашто всушност е прва



