Македонскиот модел Дунавка Трифуновска, реши да се огласи на социјалната мрежа Фејсбук и им упати порака на хејтерите.Дунавка се најде во центарот на вниманието откако беше објавено видео од нејзиниот настап на Мис Гранд Интернационал 2015.
Откако многумина го критикуваа нејзиниот обид да направи срце со рацете, па и начинот на кој чекореше по пистата, Дунавка реши да се огласи со долг статус на Фејсбук кој ние во целост ќе ви го пренесеме.
Еве што им порача на хејтерите:
„За хејтерите,
Ако Вие сте хејтери, Јас сум ВАС најголем хејтер. Полош хејтер од мене нема. Врвна сум..
Македонија има сериозен проблем
Невработеност
Невоспитание
Некултура
Нечовечност…
Останати проекти на кои треба да работи Владата. И песимизам ..Боже , Боже. Каде со тој песимизам …Само во Мк. Образование ?Еразмус програма не ве спасува Вас. Само копач и физичка работа. Да го засадите цело Скопје и Тетово. Зелено да биде. Очи да одморам. Кислород да дишете, за да се освестите. Многуууу забегавте. Вие не сте свесни што си правите.
Милите политички новинарки, вашите разговори зборуваат за Вас. И тоа цел свет го знае. Добро што имате уште по некој термин. И тоа ќе го немате за брзо време. За да може вистинските новинарки што седат на Завод, да видат бел ден. Лузери се сторивте. Мисс не е проект на Владата на Мк, и на портали, Мотика, Камај….Боже. Чист организиран компјутерски криминал. Тоа е проект на кралски држави…на џентлмени, на светски кореографи, тимови, стилисти, и друштво на светски џет сет. Затоа Господ ги оделил на друг континент. Кој Вие никогаш нема да го посетите. За Вас виза за секаде. И за фб. Што ме одбраа Мене. Жал ми е за Вас. А Вие што мислите на никого во светот не му е важно.
Затоа и никаде не сте поканети. А несакате да знаете што мислат тие за Вас. Не Ви кажувам. Јас и они исто мислиме за Вас. Може така…некако.. Вие ќе седите дома и ќе Ве галат по глава колку сте убави. А ние сме убави со документ светски признат, нѐ има во светска историја на убавината. Додека Вие се занимававте со мојот српски, за кој јас се забавувам со луѓето од Пинк, и кој јас го шерував на моите пријатели. Мисс на Тајланд падна на ревијата на костими за капење.Ниту еден светски медиум, јавна личност, ниту еден граѓанин на Тајланд од 70 милиони луѓе не го злоупотреби тоа. Ниту еден. Секогаш најдобрите ме бираат мене.
И не ве прашуваат Вас. Вие одберете си било што…И мислам дека вашите девојки и жени без светско признание се поубави од мене. И знам дека и нив ги навредувате, ама молчат. Секој ден ги слушам тие Скопски приказни. Титулата е подарок. За Македонија. Знаете да примите подарок? Никој ништо лошо не ѝ мисли на Мк, самите Вие си го правите вашиот свет срушен. Жал ми е фб е вашиот свет. Тоа е само забава. Ако знаете да се забавувате. И добро е што имате фб профили за да си ја симнете маската и за да Ве смениме.
И да Игор, мојот одговор на твојата честитка е Тој. Во тебе има останато сѐ освен убавина, харизма, човечност, џентлменство. Затоа и седиш дома. И ние медицинските лица го гледаме твоето физичко и ментално здравје со други очи. Исто како ти што го гледаш мојот настап, со други очи. Ама јас имам образование за твоето здравје. А ти за мојот настап немаш. Инаку те зезнаа во старт кога ти рекоа да го шернеш видеото и да ги оставиш навредите. Сега ..каде? И толкав маж да те плачат… Јас не плачам. Јас се радувам и забавувам. И втора кардинална грешка.
Моето образование на сцена во Македонија е дело на професорката Елена Антонова Петровиќ. Твоја драга пријателка. А во Академиа Италиана, Кевин Оукс. До него не можеш да допреш. И од него во Сасол Театарот во Фиренца имам добиена прва улога. Инаку тој е човекот кој што ја има најдобрата ревија со Синди Крафорд и Наоми Кембел направено во Германија. И во Позориште на Теразије, имам прва улога добиено од најдобрата модна кореографка на Балканот Јелена Младеновиќ. Можеш и тоа видео да го симнеш од Јутјуб. И оставете ги црните портали. Отворете светска литература.
И наравоучение. Збори за себе. За својот проект. А со мене можеш да се забавуваш само со видео или слика. И благодарам за поканата од Пизе, за вечер. Невозмозна мисија. И ако не спремаш концерт во Борис Трајковси и немаш што да правиш, под итно да обезбедиш средства за лекување на Орнела. Сите твои фанови по 100 денари од мобилните телефони. Нели читаш дека на девојцето и треба помош. Слеп ли си? Оди и помогни. Врати го изгубениот човек во себе. Грижи се за една жена. Ако не е твоја. Немој да ми ја испитуваш „моќта“ . За џабе ќе изгудиш време. Јас секогаш победувам. А има и несто поубаво. Жената е како вреќичка со чај. Не ја знаеш нејзината силина додека не ја ставиш во врела вода.
Ова ти е доволна терапија за викендов. Мој избор, на Белград и на светот е Никола Ристановски Никола. Знаеш зошто…Другпат ќе дознаеш. Амин.
П.С. Ниту 10% од фановите не ти ја подржаа честитката. 3:0 за мене. Еј и оди сликај се за Република. Со другар ти. И поплачи им малце. Земи го и татко ти. Ако јас го земам татко ми ќе те вратиме у институција одма. Ама во инстутуцијата на татко ми. Идризово. Порано тамо затворениците садеа кали. Цвеќе -Кала. Знаеш. Дома имав милион. Ќе ти најдеме тебе хоби…. да засадиш нешто.. полековито…..“Дунавка се најде во центарот на вниманието откако беше објавено видео од нејзиниот настап на Мис Гранд Интернационал 2015.
Откако многумина


