Околу нас владее универзален закон за привлечност, сличностите меѓусебно се привлекуваат и можно е сѐ на светот да го свртиме во своја корист и да добиеме сѐ што сакаме, порачува Опра Винфри.„Универзумот константно се обидува да ни го привлече вниманието за да можеме конечно да се фокусираме на сопствените можности. Секојдневно се обидува да ни покаже дека околу нас владее универзален закон за привлечност: дека сличното го привлекува сличното, дека е можно дека сѐ на светот да можеме да го свртиме во своја корист и да добиеме сѐ што ќе посакаме“ – ова е пораката која Опра Винфри веќе повеќе од дваесет години се обидува да им го пренесе на милиони луѓе кои секојдневно го следат нејзиното шоу во целиот свет. Таа го научи ова врз основа на сопственото искуство и тоа ѝ обезбеди планетарен успех.
Опра Винфри израснала со нејзината баба, со години била силувана од страна на нејзин роднина, имала проблеми со дрога, доживеала спонтан абортус на млада возраст, но никогаш не заплакала над сопствената судбина, ниту пак застанала или се предала.
„Секој од нас е одговорен за сопствениот живот. Дури иако минавме низ големи животни трагедии, секогаш постои шанса за победа. Не е битно кој си и од каде доаѓаш. Сите имаме шанса да триумфираме во животот бидејќи шансата се наоѓа во нас, почнува од нас. Секогаш“.
И токму во тоа е тајната на универзалниот, немерлив успех на оваа жена. Таа инспирира.
„Мислам дека причината поради која луѓето лесно се отвораат пред мене е тоа што го правам истото со нив. И тоа што знаат дека во ниту еден момент нема да ги исмевам ниту да ги омаловажувам нивните проблеми. Целта на мојата програма е гостите по секоја моја емисија да си одат со достоинство. Јас себеси не се гледам како славна личност, како ѕвезда и тоа е причината поради која луѓето ми приоѓаат на улица. Бидејќи јас сум една од нив“.
Луѓето умеат да ја препознаат таа блискост. Во време на ријалити шоу програмите, неквалитетните телевизиски програми и медиумите чија единствена цел е да нѐ наведат на консумирање, Опра се издвојува со измешаност помеѓу хуманоста и спиритуалноста што ја прави како еден вид на духовен водач за сите, без оглед на кое статусно ниво му припаѓаат.
Факт е дека со гледачите ги споделува своите приватни проблеми, својата долгогодишна борба со килограмите, од неодамна и проблемите со тироидната жлезда, својата животна драма која ја помина како девојче – сето тоа ја прави да биде земска и допирлива. Таа знае како искрено да се растажи на приказните на гледачите, да се шегува на сопствена сметка, симпатична е, приземна и заслужна за сопствениот успех. Таа е успешна деловна жена во машки свет и црнкиња таму каде што владеат белци. Таа е една од највлијателните личности на денешницата до тој степен, што Доналд Трамп во една прилика изјавил дека ќе ја предложи за потпретседател на Америка.„Универзумот константно се обидува да ни го привлече вниманието за да можеме конечно да се фокусираме на сопствените можности. Секојдневно се



