Zorr Alex е интернационалниот псевдоним на нашиот композитор и продуцент Зоран Алексиќ. Под ова име тој деновиве го промовираше својот најнов проект со наслов „Where You Shine“. Песната е веќе достапна на најголемиот музички сервис iTunes, а за две недели ќе се појави и на најолемите музички платформи за електронска денс музика Beatport, Juno и т.н. Како издавач се потпишува продукцијата „Скај Ај Ентертејмент“.„Многу напорно работам на повеќе проекти истовремено. Покрај обврските за домашната сцена, артистите за кои работам и ангажманите во Скај Ај Ентертејмент, сепак наоѓам време да испродуцирам нешто свое, како што е последниот сингл (Where You Shine).“ – Зоран Алексиќ.
Песната е во модерен денс и дабстеп ритам со интересен аранжман. Вокалната изведба е на Александра Јанева, талентираната струмичанка која триумфираше на Макфест пред неколку години. Интернационалната промоција на песната започнува за две недели, а на истата ќе работат неколку ПР компании од Велика Британија како и најголемата радио дистрибуција во светот Radio Express.
„Позитивните коментари за песната од големите луѓе во индустријата ми значат многу, затоа се надевам на големи остварувања. Се радувам и за големата поддршка од публиката, и ветувам уште многу квалитетна музика од мене во иднина.“- Зоран Алексиќ.
Зоран Алексиќ е автор и продуцент на повеќе од 150 домашни и странски песни. Покрај учеството и наградите на домашните фестивали и соработката со најголемите домашни изведувачи, најзабележителен успех за него се интернационалните изданија за Рената Кралевска (Rennata), „Time Time“, „Please Stay“ и други.
„Where You Shine“ е достапна и на Youtube и за истата „Скај Ај Ентертејмент“ изработи специјално анимирано лирик видео.
„Многу напорно работам на повеќе проекти истовремено. Покрај обврските за домашната сцена, артистите за кои работам и ангажманите во Скај Ај



