Кристијано Роналдо не е навикнат жените автоматски да не паѓаат на неговиот шарм и слава. Една австралиска манекенка му одржала лекција.Алин Лима од Мелбурн, објаснила дека на Роналдо не му било важно што таа има момче и да ѝ праќа свои фотографии од теретана, пишува Mirror.
Таа го одбила неговото барање и му рекла: „Не, мојот дечко не би бил среќен поради тоа…“. Сепак, на фудбалерот таа реченица воопшто не му пречела, па ѝ возвратил: „Никој нема да знае душо. Тивко.“.
Откако продолжила да го одбива, Роналдо не можел да поверува па ѝ пратил порака: „Сериозно?“.
Нејзиниот разговор со фудбалерот започнал кога на Инстаграм го прашала дали го примил писмото од нејзиниот дечко Алекс, кој е голем обожавател на Реал Мадрид.
Додека се допишувале, Роналдо го побарал нејзиниот број на телефон и ѝ понудил влезници за фудбалски натпревар. Со оглед на тоа дека ѝ сугерирал да се видат, тој ѝ спомнал дека со себе може да донесе другарка.
Лима го запрашала дали сака да го запознае нејзиниот дечко, но било очигледно дека фудбалската ѕвезда не е заинтересирана за таква акција.
„Да, убавице, но тешко. Не сакам да се запознаам со него, туку со тебе.“ – ѝ одговорил преку WhatsApp.
Алин Лима од Мелбурн, објаснила дека на Роналдо не му било важно што таа има момче и да ѝ праќа свои фотографии од теретана, пишува Mirror.



