Победникот на „Икс Фактор“ доживеа сообраќајна несреќа!

Овогодишниот победник на „Икс Фактор Адрија“, Амел Ќуриќ се здобил со полесни повреди при сообраќајна несреќа што се случила викендов во близина на босанскиот град Олово, објави сараевскиот весник „Дневни Аваз“.Инцидентот се случил кога автомобилот со марка „БМВ“ со кој управувал Ќуриќ, директно се судрил со возило марка „Пасат“, кое било дел од придружбата на потпретседателот на Република Српска, Рамиз Салкиќ.
Ќуриќ во изјава за „Дневни Аваз“ ја потврдил несреќата, но одбил да даде повеќе детали.
Полицијата од Зеница соопшти дека покрај Ќуриќ во неговиот автомобил се наоѓале и неговата девојка и нејзината сестра, која се здобила со потешки повреди и е пренесена во болница во Сараево.
Полицијата одбила да даде официјална изјава за причините за несреќата, но според „Дневни Аваз“ до неа дошло кога „Пасатот“ од придружбата на Салкиќ се обидел да претекне колона возила, при што директно удрил во автомобилот на Ќуриќ.
Салкиќ, кој бил во друго возило, по несреќата излегол да види што се случило, по што се вратил во својот автомобил и си заминал.Инцидентот се случил кога автомобилот со марка „БМВ“ со кој управувал Ќуриќ, директно се судрил со возило марка „Пасат“, ко

Пронајдете не на следниве мрежи: