Пејачката Николина Ковач, се огласи преку Фејсбук и прозборе за страшната несреќа која ја доживеа кога автомобилот во кој се наоѓала со сопругот, исто така пејач, Саша Капор и нивниот син Николај (3), влетал во реката.„Драги мои, само да знаете дека сме добро. Ваквите работи некогаш ќе ве потсетат дека животот е непредвидлив и дека секој ден може да биде последен. Чувајте се и бидете рамо до рамо со саканите“ – напишала Николина.
Да потсетиме, Саша Kапор и неговата сопруга и син, доживеале сообраќајна несреќа кога од патот излетале во река, во местото Дрињача кај Зворник.
За да избегне директен судир со комбе кое преминало во нивната лента, Капор свртел настрана, но влажната земја го повлeкла неговиот Мерцедес и летнале накај реката.
Локалните рибари коишто рибареле во близина, веднаш се стрчале да им помогнат и едвај успеале да ги извлечат преку прозорецот од автомобилот.
„Слушнавме голем тресок. Беше морничаво. Детето врескаше на задното седиште додека неговите родители се бореа да го извлечат. За среќа, прозорецот беше отворен и Саша прво го стави синот во скутот на Николина, а потоа таа ни го префрли преку прозорецот. Ние со чамец го префрливме до брегот, а тие допливаа по нас. Сѐ се одигра со огромна брзина и буквално само секунди беа во прашање додека се боревме за нивните животи“ – рекол еден од рибарите.„Драги мои, само да знаете дека сме добро. Ваквите работи некогаш ќе ве потсетат дека животот е непредвидлив и дека секој ден може да биде по



