ДОЖИВЕАЛЕ НЕСРЕЌА: Саша Капор и Николина Ковач заедно со тригодишниот син слетале во река!

Капор и Николина Ковач заедно со тригодишниот син Николај преживеале сообраќајна несреќа која се случила во понеделникот, кога слетале од патот во реката Дрињача кај Зворник. Пејачите се враќале од Сараево во Белград.За да избегне директен судир со комбе, кое преминало во нивната лента, Капор свртел настрана, но песокот го повлекол неговиот „мерцедес“ и завршиле во вода. Локални рибари кои ловеле во близина, веднаш им пришле во помош и едвај успеале да ги извлечат низ прозорот од автомобилот.
„Слушнавме бука кога автомобилот слета во водата. Што побрзо притрчавме да ги спасиме луѓето. Беше морничаво. Детето кое беше врзано на своето седиште врескаше додека таткото и мајката грчевито се бореа да го извлечат. За среќа, прозорот беше отворен и Саша прво ѝ го даде синот на Николина, а потоа таа нам ни го подаде  и ние со чамецот го префрливме на копно, додека тие допливаа до нас.

Се се случи многу брзо и буквално секунди беа во прашање додека се боревме за нивните животи“, раскажува еден од мештаните кој го вадел  парот од автомобилот.

Се уште во шок
Се уште сум во шок! Ѝ гледавме на смртта во очи. Се се случи во пет минути, а изгледаше  како хорор филм. Плачот на Николај се уште ми ѕвони во ушите. Фала  му на бога и на тие добри луѓе кои не извадија, па останавме здрави и живи“, рекла пејачката за српските медиуми.За да избегне директен судир со комбе, кое преминало во нивната лента, Капор свртел настрана, но песокот го повлекол неговиот „мерцедес&ldquo

Пронајдете не на следниве мрежи: