Ретко кој има да каже лош збор за најдобрите светски тенисери, Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс, кои остварија уште еден огромен успех со освојувањето Вимблдон. Но, британскиот новинар Стјуарт Херитеџ, напиша статија за Новак и Серена која изобилува со навреди.- Танцот на Серена и Новак треба да се прикажува во училиштата, треба да биде проектиран директно на Месечината. Зошто? Ббидејќи покажува дека тие суштества знаат и да бидат опуштени? Не, не…туку, затоа што Серена и Новак не знаат да танцуваат воопшто, дури не се ни на иста бранова должина со танцувањето, напишал новинарот кој додал дека Серена танцувала како да има мртви раце, додека Новак изведувал нешто како да е Џон Траволта, но залудно.
И кога сите помислија дека новинарот се шегувал, тој го напишал следново:
– Заборавете на тенисот, ова е вистинската победа за викендот. Ова е доказ дека никој не е добар во сѐ што прави… Серена, Новак, добредојдовте во човечката раса…
За разлика од новинарот кој најде шанса да плука по Новак и Серена, цел свет мисли дека видеото е навистина слатко. Тоа што тие не знаат да танцуваат, не ја намалува нивната успешност во светот на тенисот. Додуша, сите ние имаме мани.
Погледнете го видеото уште еднаш:
– Танцот на Серена и Новак треба да се прикажува во училиштата, треба да биде проектиран директно на Месечината. Зошто? Ббидејќи покажува дека тие



